Шкотските навивачи донираа 5.000 фунти за дечињата од улица

Донација од пет илјади фунти предаде денеска делегација на хуманитарната организација на навивачите на фудбалската репрезентација на Шкотска Tartan Army Children`s Charity на Дневниот центар „Снежана“ во Шуто Оризари, Скопје, кој згрижува деца од улица.

Менаџерот на шкотскиот национален тим и патрон на активностите на шкотските навивачи насочени во хуманитарни цели Гордон Стракан изјави дека тие имаат долга и успешна историја на соработка со хуманитарни организации во Шкотска и во странство, која има за цел помош и поддршка на деца со попречености во услови кога таа им е потребна.

- Тартан армијата е позната низ светот по нивното добро однесување и хуманитарната работа. Нашата донација на Центарот „Снежана“ е уште еден пример на добрата работа што тие ја прават во ширење на позитивната слика за Тартан армијата и за Шкотска, посочи Стракан.

Tartan Army Children`s Charity е хуманитарна организација  основана и раководена од шкотските фудбалски фанови на волонтерска основа со цел да помогнат на децата со попречености секаде каде што шкотскиот фудбалски тим настапува - дома, односно во странство. Од 2006 година досега организацијата има собрано преку 650 илјади фунти за децата со попречености кои се донирани за 20 проекти во 12 земји. 

10.09.2013 - 16:13
Фото: 
Факултети.мк

најчитано сега