Претседателот на СДСМ се сретна со поглаварот на ИВЗ
Делегација на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, предводена од претседателот Зоран Заев, денеска во седиштето на партијата оствари средба со делегација на Исламската верска заедница во Република Македонија, предводена од Поглаварот Реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи.
На средбата, соопшти СДСМ, било разговарано за актуелните верски теми и прашања.
Заев на средбата истакнал дека СДСМ во континуитет, максимално се залага за подобрувањето на меѓуверскиот живот во земјава. Посочил дека за СДСМ прашањата што се од значење за ИВЗ, како и за другите верски заедници во Република Македонија, секогаш ќе бидат третирани со крајна внимателност и сериозност.
10.09.2013 - 16:24