Неколку трикови како може да го спасите ручекот ако го пресолите
Дури и на најискусните домаќинки може некогаш да им се случи да го пресолат јадењето. И додека мислите дека вашето јадење станува нејадливо, сепак постојат трикови со кои може тоа да се спаси.
Зеленчук зготвено на пареа во пресолена вода или маринирано месо може едноставно да се исчисти со вода, но за други јадења потребни се други техники.
На пресолените супи и гулаши може да им се врати вкусот така што ќе додадете малку вода или кокосово млеко. Во случај јадењето да е премногу течно, тогаш додајте испечен компир или малку брашно.
Исто така, малку сок од лимон ќе ја неутрализирате солта.
Кога станува збор за пресолена сланина, пршута или шунка, покријте ги со влажна крпа која би требало да упие барем дел од солта. Решението за пресолени шницли е благ сос.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа