Медијаторот Нимиц на средба со министерот Попоски
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе се сретне со медијаторот за прашањето за името, Метју Нимиц.
Нимиц вчера по пристигнувањето во Скопје од Атина се сретна со македонскиот претседател Ѓорге Иванов при што размениле мислења поврзани со идеите и размислувањата на специјалниот пратеник, како и за исходот од неговата посета на Атина. Иванов истакнал оти Македонија е подготвена на средби на највисоко ниво и интензивирање на дијалогот со Грција за разликата околу името. Тој изразил очекување грчката страна да покаже добра волја за создавање позитивна атмосфера и надминување на разликата околу името.
Нимиц доје во Скопје од Атина каде што се сретна со грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос. По средбата медијаторото изјави дека му биле разјаснети ставовите на грчката страна, без да соопшти повеќе детали.
Медијаторот во спорот за името за време на престојот во Скопје се очекува да се сретне и со премиерот Никола Груевски.