Светот ги дознава македонските инвестициски капацитети

 

Oколу 20 компании од САД, Европа и Јапонија кои учествуваат на Меѓународниот саем за автомобили во Франкфурт се запознаа со поволностите што ги нуди Македонија за отворање нови производствени капацитети.

Македонската делегација од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони предводена од директорот Виктор Мизо во директните контакти со дел од компаниите веќе договорила посети на Македонија кои ќе се реализираат во текот на годината со цел тие директно да се запознаат со условите за инвестирање.

На 65. Меѓународен саем за автомобили, кој официјално ќе биде отворен утре, учествуваат повеќе од 300 изложувачи, а се очекуваат над еден милиони посетители. Станува збор за најголемиот специјализиран саем за автомобили и автомобилски делови во светот. Во текот на првите два дена на саемот премиерно се претставуваат новите модели на автомобили и се става акцент на стратегијата и концептите за идните случувања и правци во автомобилската индустрија.

11.09.2013 - 12:14
Фото: 
а1он

најчитано сега