Затворена компанијата што собираше лични податоци од Фејсбук
Компанијата ,,Кембриџ аналитикс “ е затворена по скандалот со преземањето податоци од над 87 милиони корисници на Фејсбук.
Компанијата беше осомничена дека без дозвола на корисниците , ги преземала личните податоци од Фејсбук за да бидат употребени во политички цели . Од фејсбук велат дека гипреземаат сите потребни мерки за да ги заштитат податоците на нивните над 2 милијарди корисници.
Портпаролот на ,,Кембриџ аналитика “ , Кларенс Мичел во денешната изјава вели дека вработените во компанијата работеле законски и постапувале лојално , но под притисок на медиумите нивните клиенти и снабдувачите ја напуштиле компанијата , по што станало неможно таа да опстане.
Банкрот прогласи и сестринската компанија ,,СЦЛ Елекшнс”.
02.05.2018 - 22:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа