Време: И дожд и сонце

 

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, но малку потопло со подолги сончеви периоди. Ќе има и повремени врнежи од дожд особено во попладневните часови кога ќе бидат проследени и со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 26 до 32 степена.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и потопло со подолги сончеви периоди, но и со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Стабилизирање на времето се очекува од петок кон крајот на денот кога од север ќе се спушта постуден воздух и ќе донесе заладување така да за време на викендот ќе преовладува стабилно, суво и постудено време. 

12.09.2013 - 08:14

најчитано сега