ФОТО: Полицијата и штипјани на нозе - сте го виделе ли некаде овој човек?

 

Штипското семејство Јаневи денеска побара помош во потрагата по Цане Јанев, роден на 23. април 1951 година. Штипјанецот не се вратил дома веќе пет дена. 

Како што информираат неговите најблиски, на денот кога исчезнал бил облечен во црна блуза и црни панталони,  со кратка бела коса и видлив мал физички проблем на левото око

Сопругата на Јанев вели дека тој има проблеми со видот. Семејството последен пат го видело во неделата во населбата Кадидере, кога добил повик на телефон и исчезнал во непознат правец. Неговите најблиски се обиделе да го добијат на мобилниот телефон, но, Цане е недостапен.

Исчезнувањето на штипјанецот веќе е пријавено во полиција. Семејството апелира до граѓаните, доколку имаат некаква информација веднаш да пријават.

12.09.2013 - 09:35

најчитано сега