Дел од скопските населби утре без струја

Жителите од улица „6“ во скопско Кондово,  утре од 10:30 до 15:30 часот ќе бидат без електрична енергија. Од 10 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Црногорска“.

Во периодот од 8 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од жителите лоцирани на улиците „Алекса Демниевски“, „Мис Стон“ и „Социјалистичка Зора“, а од 6 до 7 часот корисниците од улиците „Криви Дол“ и „Момин Петок“.

Жителите од село Копаница и Сандево ќе останат без струја од 9 до 15 часот. Од 12 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „Васил Иљоски“, а од 11 до 12 часот корисниците од населбата Кисела Јабука, улици „40“ и „42“.  Од 9 до 11 часот  без струја ќе бидат корсиниците од улица „Лука Геров“ од бр. 20 до бр. 60. 

Како што информира РЦУК, прекините се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во реоните.

12.09.2013 - 10:06
Фото: 
А1.он

најчитано сега