Жена од Бугарија на свет донесе четворка
Триесетгодишна жена од Бугарија на свет донела четворка, иако докторите очекувале дека таа ќе има тројка, пренесе Кафе.ба.
Имено, докторот кој ја породил младата Бугарка изјавил дека четвртото девојче било сокриено позади своите двајца браќа и сестра, па затоа не успеале да ја видат.
Иако се родени во осмиот месец од бременоста, децата се во добра здравствена состојба, а тежат 1.300, 1.400, 1.450 и 1.600 грама.
Среќниот брачен пар веќе смислил име за своите четири дечиња.
12.09.2013 - 11:37
Фото:
коментар.мк