Штип: Се скарале за имот па се обидел да го убие
Млад штипјанец се обидел да убие свој сограѓанин. Се работи за 27-годишниот Г.Д од Штип кој заедно со 62-годишниот П.В. инаку негов сограѓанин по претходен договор и поттикнат со парични средства од страна на второпријавениот, го пречекал 28-годишниот Д.И. пред гаражата од неговата семејна куќа лоцирана на улицата „25-ти Мај„ и од зад грб со тврд предмет го удрил во пределот на главата.
Кога Д.И. се обидел да избега, насилникот го стигнал и совладал, го турнал на земја и продолжил да го удира во пределот на главата, телото и нозете се додека не бил прекинат од околните соседи кои вознемирни и исплашени од настанот излегле на терасите од своите куќи, по што пријавениот избегал од местото на настанот.
Д.И. се здобил со тешки телесни повреди на главата и по телото и поради тежината на повредите истиот ден бил пренесен во Државна болница во Скопје.
Инаку, П.В. бил во роднинска врска со Д.И. и подолго време со неговиот татко имале семејни недоразбирања заради поделбата на имотот.
Првопријавениот во моментов е во бегство и во тек се мерки за негово пронаоѓање.