Фајон: Западен Балкан нема потреба да стравува од суспензија на безвижниот режим

Тања Фајон пратеничка во ЕП јасно стави до знаење дека не постои никаква опасност за земјите од Западен Балкан дека врз нив ќе биде применет механизмот на привремено воведување на визи за државните чии граѓани во голем број доаѓаат како лажни азиланти во ЕУ. 

Таа преку медиумите посочи дека денешното гласање во ЕП ја загрозила визната политика на ЕУ и односите со соседите, особено со земјите од Западен Балкан. 

Таа предупреди дека усвоениот механизам е „штетен и опасен“.

- Иако и натаму е значаен, сепак, бројот на азиланти од регионот (на Западен Балкан) всушност се намалува, така што земјите-членки на ЕУ немаат основа да бараат Европската комисија да го активира механизмот, истакнува Фајон во соопштението.

„За“ усвојување на механизмот гласаа 328 европратеници, 257 беа „против“, а 48 „воздржани“.

- Ова е катастрофа, многу сум разочарана, напиша је Фајон на својот Твитер налог непосредно по гласањето.

Таа, како членка на Комитетот за човекови слободи, правосудство и внатрашни работи на ЕП, ја водеше кампањата овој механизам да не биде усвоен, бидејќи не предвидува контролна улога на Парламентот во неговата примена, туку одлуката и ја препушта само на Европската комисија.

12.09.2013 - 14:21
Фото: 
А1.он