ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски ништо не работи само креира конфликти

 

ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на изјавата на градоначалникот на општина Центар оценува дека Жерновски со поддршка на СДСМ креира конфликти, наместо да ги решава проблемите на граѓаните.

- Откако е градоначалник на општина Центар, Жерновски нема сработено ништо. Граѓаните не видоа ниту едно од ветувањата, ниту еден конкретен проект од страна на Жерновски, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека на градоначалникот Жерновски му била понудена алтернатива да бидат засадени околу 10 илјади дрвца со средства од комуналиите на објектот на СРД, но оти тој ја одбил.

12.09.2013 - 15:34

најчитано сега