ВМРО-ДПМНЕ: Кога државата тоне СДСМ го принудува судството да носи срамни и нарачани одлуки
Од ВМРО-ДПМНЕ велат нон-пејперот на европските земји ги сруши лажните ветувања на Заев и Шекеринска кои бараа гласови за влез во ЕУ и НАТО најдоцна за 6 месеци. Од партијата велат дека во овој документ се евидентира целата неспособност на Владата предводена од Зоран Заев која ги клекна на колена економијата, правната држава и судството.
-Како државата тоне, така СДСМ го принудува судството да носи срамни и нарачани одлуки кои се далеку од европските практики и стандарди. СДСМ и Заев создадоа атмосфера на прогон и политички монтирани случаи со цел секој што се противи на оваа власт да биде изложен на притисок. Сите се на удар на оваа ненародна власт, освен криминалниот картел кој е заштитен како бела мечка, дури и во чисти случаи на корупција како „Евро за Вицето“ и двајцата функционери во Владата за кои и саниот Заев кажа дека се корумпирани ама никој не ги гони, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија велат дека СДСМ ја понижи интелигенцијата на лекарите на кои им беше ветена плата од 100 илјади денари и просечна плата од 500 евра за граѓаните.
-Ги излажа сите со 600 километри нови автопати, подобро здравство, образование, земјоделство. Излажаа дека ќе се грижат за националните и државни интереси, а гледаме дека ги распродаваат како на пазар. На секое поле се случува крах, освен само на полето на картелските и клановските бизниси кои цветаат, заштитени директно од власта. Тоа се гледа не само од Европа, туку и од месечината. Затоа е и овој нон пејпер кој ги нотира сите катастрофални политики и анти-реформи кои ги прави оваа власт, се вели во соопштението на партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сериозни држави како што се Франција, Холандија и Данска јасно го кажуваат тоа што владините мегафони сакаат да го сокријат. Од партијата велат дека истите тие мегафони сега пробуваат да се вадат со разни изговори, па дури и критики кон овие докажани земји-пријатели на Македонија.
-Урнисувањето и цунамито на секој план се симболот на оваа влада и ова мора да престане час поскоро. Затоа на 2 јуни ВМРО-ДПМНЕ ќе застане на чело на сенародниот протест на кој сите оние кои и мислат добро на државата и се противат на оваа ненародна власт ќе излезат и јавно, јасно и гласно ќе и покажат дека доволно си играа власт, дека цената за оваа игранка нема да ја плаќа Република Македонија. На нашата држава и треба сериозна економска политика, со тоа ќе ставиме крај на осиромашувањето на граѓаните. Потребна ни е стабилна надворешна политика и партнерство наместо непријателство, наместо распродавање на националните и државни интереси. Заканите, монтираните судски процеси нема да го одврати оној кој не се согласува со антидржавната и деградирачка политика на Заев и свитата околу него, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа