Ѓорчев: Веднаш да се укине покачувањето на акцизата на дизелот

 

Инфлацијата тропа на врата, гледаме дека секој ден се зголемуваат цените на бензините и на дизелот, а од друга страна имаме ситуација во која што се зголеми акцизата од 3,5 денари од страна на оваа влада на Зоран Заев и Драган Тевдовски и таа трае веќе со месеци, истакна на денешната прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев.

Ѓорчев посочува дека од тие причини ВМРО-ДПМНЕ веднаш, неодложно бара од владата и од СДСМ да се укине акцизата со зголемување на цената на дизелот и неговите деривати која што ја наметна Владата на Република Македонија.

-Цената која што ја плаќаат граѓаните, економијата, автобуските превозници, камионскиот транспорт, но консеквентно и сите останати кои што се погодени со оваа инфлација која што и се случува на Македонија е секојдневна. Од тие причини бараме веднаш и неодложно укинување на наметнатата акциза на дизелот од 3,5 денари која што ја наметна владата на Зоран Заев и Драган Тевдовски. Трошоците за економијата се огромни. Се работи за повеќе од 40 милиони евра на годишно ниво. Доаѓаме до еден фрапантен заклучок, а тоа е дека откако Зоран Заев е премиер цената на дизелот во Македонија се зголеми од 46 на 65 денари. Тоа е зголемување од повеќе од 40%, нагласува Ѓорчев.

Тој истакнува дека повеќе од 40% отиде нагоре цената на дизелот во времето на владата на Зоран Заев.

-Бројките се страшни, се влошуваат и од тие причини треба да имаме одговорни економски политики кои што ќе ја ублажат болката која што ја чувствува и стопанството и граѓаните и сите оние претпријатија чија што фундаментална дејност е директно поврзана со транспортот, пласманот, дизелот и сето она што им е потребно за работа, посочи членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

28.05.2018 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега