Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ подготвува „Нов завет“ за предвремени избори

 

Новата изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе се вика „Нов завет“, најави синоќа од Битола претседателот на партијата, Христијан Мицкоски. 

„Политиката е динамичен процес, еднаш победувате, друг пат губите. Се разбира ги анализираме грешките во минатото и врз основа на тие грешки носиме заклучоци како да продолжиме во иднината. Мислам дека извлековме поука од грешките што ги правевме во минатото и истите ќе ги коригираме за во иднина“- вели Мицкоски.

За информациите дека Република Северна Македонија е најверојатното решение за спорот со името и можниот договор во Преспа, Мицкоски одговори дека Преспа е убав град во Република Македонија.

 

 

 

30.05.2018 - 07:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега