„Вашингтон пост“ пишува за големиот протест на ВМРО-ДПМНЕ

Десетици илјади поддржувачи на опозицијата, протестираа пред главната владина зграда во Македонија во саботата, барајќи предвремени избори, пишува еден од највлијателните американски медиуми, весникот „Вашингтон пост“ само неколку часа по одржаниот протест на ВМРО-ДПМНЕ.

-Конзервативната партија ВМРО-ДПМНЕ, која управуваше во 2006-2017 година, повика на демонстрации велејќи дека левичарската влада презела “апокалиптични” потези за време на својата една година на власт, пишува влијателниот весник.

Весникот го цитира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој пред протестот изјавил дека власта првата година ја минала во обнова на земјата по 11 години владеење на конзервативците.

„Вашингтон пост“ не дава точна проценка на бројот на учесниците на митингот, туку ја користи фразата „десетици илјади“ што во англискиот јазик може да значи меѓу дваесет и 100 илјади луѓе, но вообичаено со фокус на повисоката бројка.

 

 

 

03.06.2018 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега