Албанските пратеници гласаат за новата влада

 

Албанските пратеници денеска ќе гласаат за новата влада на социјалистите на Еди Рама.

49 годишниот Рама, претставувајќи ја програмата на 20-члената влада, најави дека ќе ја обнови економијата, ќе ги забрза евроинтеграциите и ќе се фокусира на демократските реформи, јакнење на владеењето на правото и борба против корупцијата.

Нашиот западен сосед е една од најсиромашните држави во Европа. Според официјалните статистички податоци, околу 14,3 отсто од вкупно 3,2 милиони жители живеат со помалку од 1,5 долари дневно. Стапката на невработеност е 14 отсто, а јавниот долг е 60 отсто од БДП.

14.09.2013 - 14:28

најчитано сега