Автомобил се забил директно во нивното „Ауди“ - две девојки настрадаа во страшна сообраќајка во Србија

 

Две девојќи на возраст од 19 и 23 години утрово загинаа во сообраќајка која се случила во Крагуевац Србија. Станува збор за лицата Д.П. и М.В. кои во возилото биле со уште три други девојки кој во несреќата излегоа со потешки повреди. Девојќите со возилото „Ауди“ се враќале од роденден по што настанала трагедијата. 

До несреќата дошло откако „Фиат“ возило нагло свртело во нивната лента и удрило во нив. На лицето кое го управувало „Фиатот“ И.К. му е одредена мерка притвор.

Тој утре со кривична пријава ќе биде предаден на истражен судија.

15.09.2013 - 10:37

најчитано сега