СДСМ: Пародија прават тие кои им го уништија животот на граѓаните

Пресс24 интегрално ви го пренесува соопштението – писмена реакција од СДСМ на пародијата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и Иницијативата на таканаречените „жртви на транзицијата“

Кој денеска прави пародија:

-          тие кои ги забетонираа нашите судбини со 500-тини милиони евра во циркускиот барок и бронзата, шпанските галии, жалните врби, реална, криминална пародија на Груевски со работен наслов „Скопје 2014“?

-         

Тие кои ни носат контроверзни инвеститори како Субрата Рој, кој треба да ја препороди Македонија, а ги ограбил и изманипулирал граѓаните во сопствената земја?

-         

Тие кои тепаат новинари и пратеници?

-         

Тие кои ангажираат стотици полицајци и оклопни возила против млади луѓе кои протестираат за животната средина?

Тие ли прават пародија?  Тие, поради кои животот на граѓаните е вистинска трагедија?!

Што се однесува до иницијативата на таканаречените „жртви на транзицијата“, потсетуваме дека СДСМ уште во април 2012 г. поднесе амандман во Собрание на РМ, кривичните дела поврзани со приватизацијата да не застаруваат. Ако т.н. „жртви на транзицијата“ навистина бараа правда, тие ќе застанеа зад оваа иницијатива и ќе ја поддржеа. За потсетување, предлогот кривичните дела поврзани со приватизацијата да не застаруваат, беше одбиен од страна на Никола Груевски.

Тоа се резултатите на Никола Груевски, последниот транзициски политичар во РМ. 

15.09.2013 - 16:02

најчитано сега