Костадинов: Цел демократски свет го поздрави Договорот со Грција

 

Владата предводена од СДСМ, преку успешната надворешна политика, преку градење пријателства, сојузништва, реформи и решавање на проблемите, за една година ја врати Македонија на вистинскиот евроатлански пат, изјави пратеникот од редовите на социјалдемократите Костадин Костадинов.

Според него, од заробена и изолирана земја, денес Македонија е пример за решавање на отворени прашања во интерес на граѓаните.

-Постигнат е историски Договор со кој се решава деценискиот спор што земјава ја влечеше надолу. Македонија оди напред, обезбеден и зајакнат е македонскиот идентитет, отворени се вратите на НАТО и ЕУ. Успесите и лидерството се проепознаени од целиот демократски свет – рече Костадинов.

Тој ги повика граѓаните на претстојниот референдум да кажат „ДА“ за гарантиран македонски идентитет, одлучно за влез во НАТО и ЕУ, за македонската иднина.

Тоа, според него, влијае и врз позитивните движења во економијата, раст на платите, повеќе пари кај граѓаните и повисок животен стандард.

 

 

 

23.06.2018 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега