Со возилото удирал во полицајците - МВР со детали за пукањето во Арачиново
Полициски службеници денес околу 17 часот во село Арачиново, на улица 1 запреле возило „Голф“ во кое се превезувале две лица, 33-годишниот О.М. и 20-годишниот Г.М. , кои се бараат со потерница за издржување на затворска казна.
-Во моментот кога полициски службеник се доближил до возилото, возачот О.М. го стартувал возилото „Голф“ наназад и го удрил полицискиот службеник. Потоа полициските службеници испукале неколку предупредувачки куршуми во воздух, но возачот на возилото „Голф“ не застанал туку удрил во друг полициски службеник, по што избегал од местото на настанот, соопштуваат вечерва од МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на О.М. и Г.М..
На двајцата полициски службеници им е укажана помош во Градската општа болница „Наум Охридски“ и се пуштени на домашно лекување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа