Димовски на Саем за свежо овошје и зеленчук во Москва

 

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски овие два дена престојува во официјална посета на Руската Федерација, каде ќе го посети Саемот за свежо овошје и зеленчук „World Food“ што се одржува од денеска до 20 септември.

На саемот оваа година учествуваат 12 македонски компании меѓу кои Агро-лозар, Вега Мак, Туран, Хина, Бонум, Витаминка, Кадино индустри, Коро, Агрофруктус... Димовски ќе го посети македонскиот штанд и ќе се сретне со македонските изложувачи.

Саемот се протега на површина од 56.240 метри квадратни и е можност за воспоставување на соработка меѓу компаниите од двете држави.

Предвиденот е Димовски да се сретне и со претседателот на Македонско-рускиот комитет. На средбата ќе се разговара за можностите за унапредување на трговската размена преку либерализација на трговскиот режим, зголемување на обемот на руските инвестиции во областа на земјоделството, како и зголемување на пласманот на македонските производи на рускиот пазар.

16.09.2013 - 08:41
Фото: 
влада.мк

најчитано сега