Тепачка во домот за бездомници но Чичино село

 

Вчера околу 19 часот и 45 минути во кругот на Центарот за бездомници Чичино Село, село Грчец бил нарушен јавниот ред и мир.

Имено со меѓусебна тепачка помеѓу лицата Ф.И.(62), Р.Р, Ф.Р(34),Ф.Ш.(29) и едно 17 годишно лице сите од една страна и З.С.(58) од другата страна, сите од Скопје со привремен престој во Чичино Село, стои во соопштение од полицијата

Лицата најпрвин си нанеле неколку меѓусебни удари по што З.С. со спреј-солзавец ги испрскал по лицето и очите.

По преземени мерки сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

 

 

 

30.06.2018 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега