Обид за киндапирање во Скопје: Ја туркале и влечеле за да ја внесат во кола

 

Вчера во 23 часот и 50 минути во Полициската станица Чаир 19- годишната С.Г пријавила дека истиот ден околу 21,30 часот додека се движела по улицата “Индира Ганди“ позади неа се движело возило во кое имало две лица.

- Во еден момент возилото се доближило до пријавителката и застанало и притоа едниот ја фатил за рака и почнал да ја влече, а другото лице ја туркал од позади грб со намера да ја внесат во возилото и откако викнала по нејзиниот татко лицата го напуштиле местото на настанот- стои во соопштението од МВР.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

01.07.2018 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега