СДСМ: Политичкото делување на ВМРО-ДПМНЕ се сведува на ширење лажни вести

 

Целото политичко делување на ВМРО-ДПМНЕ се сведува единствено на пласирање невистини и ширење лажни вести. Без изградени ставови за клучните прашања, без концепт и политики во интерес на граѓаните . Нема јавен настап на опозициската партија кој не е полн со невистини, измислици и клевети. ВМРО-ДПМНЕ во очај поднесува кривична пријава за непостоечко дело, нешто што нема никаква врска со реалноста ниту пак со некакви кривични дела, стои во реакцијата на СДСМ на денешната прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Неоснована пријава на ВМРО-ДПМНЕ не е само лажно пријавување, туку е и показател дека се уште би сакале да го злоупотребуваат судството како што го злоупотребуваа 11 години наназад.

Вакви провидни очајни чекори покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи. Нема параван за невистините на ВМРО-ДПМНЕ.

Од штетното делување на ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорге Иванов, насочено против македонската иднина, против членство во НАТО и ЕУ и против зајакнувањето на македонскиот идентитет и посебност нема поголемо велепредавство.

Тоа нема да помине. Договорот е патриотски чин што ги обезбедува врвните националните и државни интереси, чин што го зајакнува македонскиот идентитет и ја обезбедува европската иднина на Македонија.

Граѓаните, СДСМ и сите демократски општествени чинители нема да дозволат деструктивните сили да ја вратат Македонија во времето на изолација, тензии, поделби и неизвесност.

Македонија се движи по вистинскиот, по евро-атлансскиот пат, без разлика дали тоа му се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ или не.

Граѓаните на референдум ќе го имаат последниот збор. Доаѓа време за историското ДА за зачуван и зајакнат македонски идентитет, ДА за влез во ЕУ и НАТО, ДА за македонската иднина“, се вели во реакцијата на СДСМ“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

 

 

05.07.2018 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега