СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го повика своето членство да излезе на референдум

 

ВМРО-ДПМНЕ да го повика членството на референдум, бара опозициската партија во писменото соопштение

„Повеќе од 12 години, ВМРО-ДПМНЕ во јавните настапи, во програмите, тврдеше дека за секое постигнато решение за спорот со Грција граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат на референдум.

Денес, кога Договорот е постигнат, а одржувањето на реферндумот е извесно, ВМРО-ДПМНЕ ги менува ставовите и целoсно е нејасно кој е нивниот став.

Таквото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ е неодговорно, антидржавничко и спротивно на интересите на државата и граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ нема став, нема изградено политики на делување, едно зборува а друго прави.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, СДСМ и претседателот Заев имаат изградени политики, ставови и мислења за кои јавно и отворено зборуваат пред граѓаните, како што личи на секој одговорен политичар.

Тоа се однесува и за размислувањата и отворените можности за формулација на реферндумското прашање, кое ќе биде составено преку поширока вклученост на јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочи македонската иднина.

Наместо да шири лажни вести и невистини за постигнатиот Договор што го штити македонскиот идентитет и ја обезбедува македонската иднина, ВМРО-ДПМНЕ да излезе и да ги повика членовите на реферндум.

Волјата на граѓаните изразена на референдумот е конечна и обврзувачка за сите.“ - стои во соопштението на СДСМ

 

 

 

06.07.2018 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега