Монструозно: Бебе со скршеници на нозете и главата заврши на КАРИЛ
Едногодишно дете со сркшеници на двете нозесуспектно крварење на глава и скршеница на челната коска се бори за живот на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), објави „Независен“.
Од КАРИЛ велат дека детето во моментов е во стабилна состојба, но има скршеници по телото.
„Детето е со фрактури на обете нозе со тоа што има и стари фрактури, има суспектно крварење во глава, со фрактура на челната коска и други две суспектни фрактури исто на глава. Се смета дека има некое крварење на мозокот. На левото ноже има стара скршеница, но и други постари скршеници. Моментално е во стабилна состојба, но не знаеме како ќе се одвиваат работите, дали ќе се оперира“, велат од КАРИЛ за „Независен весник“.
Од МВР информираат дека вчера во 12:45 часот од Ургентен центар во полиција пријавиле дека била примена дваесетгодишна жена од Скопје со видливи повреди на телото и нејзината едногодишна ќерка со тешки повреди.
Од полиција сѐ уште работат на расветлување на случајот и утврдуваат што точно се случило со бебето. Неофицијално, мајката била од ромска етничка припадност, а таткото на бебето е во затвор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа