Почина момчето од навивачкта група „Комити“ кое беше претепано
Момчето од навивачката група „Комити“ кое беше претепано на автобуската постојка на булеварот „Александар Македонски“, почина денеска на КАРИЛ.
Момчето било во тешка состојба и било ставено на апарати.
Како што информираат од МВР момчето било нападнато од три лица против кои е поднесена кривична пријава.
На 29.06.2018 година околу 17,30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар „Александар Македонски“ пријавените физички го нападнале Н.С., по што тој бил пренесен во Клинички центар “Мајка Тереза“ Скопје. По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот биле лишени од слобода и одредена им е мерка притвор” наведуваат од Министерството за внатрешни работи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа