Тепачите на Никола Саздовски се членови на навивачката група „Шверцери“

 

Тројцата осомничени за претепување на 21-годишниот член на навивачката група „Комити“, Никола Саздовски кој по 10 дена кома почина денеска на КАРИЛ, биле членови на навивачата група „Шверцери“, објави МКД.мк.

Како што пренесуваат од порталот тројцата „шверцери“ и Никола, кој бил член на навивачката група „Комити“, имале неколку расправии на Фејсбук, се претпоставува на национална основа.

Веднаш по крвавиот напад МВР уапси двајца од тројцата тепачи и против нив поднесе кривична пријава за насилство.

Нема одговор зошто МВР против тепачите поднесе кривична пријава за насилство, иако според тежината на кривичното дело за претепувањето на Саздовски, кривичната пријава треба да биде за нанесување тешка телесна повреда.

Поради смртта на Никола, се очекува ОЈО да ја преименува кривичната пријава против насилниците.

 

 

 

09.07.2018 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега