Неколку пати бил враќан во живот, лекарите КАРИЛ се бореле да го спасат - Никола им подлегна на повредите

 

Дваесет и едногодишниот Н.С. кој на 29 јуни физички беше нападнот од три машки лица на автобуската постојка на бул. „Александар Македонски“ во Скопје, во 8 часот на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ им подлегна на повредите.

Раководителот на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ, доктор Маја Мојсова изјави дека момчето било донесено во Ургентниот центар со немерлив притисок и со слаб пулс.

- Откако е почната срцева белодробна мозочна реанимација е пренесено во КАРИЛ во многу тешка состојба со многу тешки повреди на мозокот и со многу тежок исход. На неколку пати е враќано во живот, но за жал подлегна на повредите, додаде доктор Мојсова. 

 

 

 

09.07.2018 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега