Трагедија во воз кој сообраќал на релација Скопје-Велес: Му се слошило, па починал

 

Во патничкиот воз кој сообраќал вчера во 12 часот на релација Скопје-Велес, на 34-годишниот патник Н.С. од село Фурка-дојранско, му се слошило. 

Toj бил пренесен во Општата болница во Велес, но околу 13,00 часот починал.

При извршениот преглед на патната торба на Н.С. биле  пронајдени две паковки со бела прашкаста материја, кои се дадени  за вештачење.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција.

 

 

 

 

09.07.2018 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега