Во болнички тоалет во Гостивар пронајден пиштол и пари

 

 

Вработен во Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар вчера попладне нашол пиштол и пари оставени во тоалет во едно од болничките одделенија.

По пријавата, полициски службеници утврдиле дека станува збор за пиштол „Црвена застава М-57“ калибар 7,62 милиметри со осум куршуми, футрола и три банкноти од евра и денари.

По проверките, утврдено е дека пиштолот е сопственост на 68- годишниот И.С  од гостиварското село Мало Турчане. Тој пиштолот го поседувал со дозвола, а според неговото кажување, пиштолот и парите ги заборавил на местото каде што се најдени, соопшти полицијата.

Полицијата врши проверки и го расчистува случајот. 

 

 

 

13.07.2018 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега