Странски државјанин застанал кај Миладиновци за да им помогне, а вака му вратиле за добрината
Вчера во 07 часот и 40 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје, 56- годишниот З.В од Србија пријавил дека на автопатот Скопје-Куманово после наплатната рампа Миладиновци го застанале две непознати лица со патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со шведски национални ознаки, покажувајќи му дека неговото возило имало проблем со гумата.
„Откако пријавителот застанал и додека барал клуч за гумата искористувајќи ја приликата лицата му одзеле една торба во која имал лични документи и 70.000 евра по што го напуштиле местото на настанот“ се вели во денешниот билтен од полицијата.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа