Бомби, пиштоли и дрога пронајдени во дом во Брвеница

 

Пиштол, куршуми, бомби, тромблонска мина, гранати и марихуана полицијата пред два дена пронашла во дом на 52-годишен жител на село Брвеница, тетовско.

Како што соопшти полицијата, Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.С. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. 

На 11 јули 2018 година во период од 16:50 до 21:20 часот од страна на полициски службеници, при извршен претрес во домот на пријавениот биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 7,65 мм, 32 куршуми за пиштол, тромблонска мина М-60, две тела од рачни бомби М-75, три детонаторски каписли, комулативни гранати и едно полнење за гранати, како и 21,31 грам марихуана. 

 

 

 

13.07.2018 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега