Познат идентитетот на тројцата повредени во престрелката во Тетово
Вооружената престрелка во Тетово се случила ноќеска на улицата „29 Ноември“. Случајот во 02 часот и 20 минути е пријавен во полициската станица во Тетово.
Со прострелни рани од пиштол се здобиле 37-годишниот С.К. и 36-годишниот С.К. а 49-годишниот М.А. има повреди на главата. Тројцата поради сериозноста на повредите се пренесени на комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски за МИА изјави дека веднаш по пријавата на терен се излезени екипа од СВР Тетово и од Јавното обвинителство и оти од местото на настанот подигнати се пиштол марка „зброевка“, рамка со осум куршуми и пет чаури. На местото на настанот пронајдено е и патничко возило „мерцедес“ со тетовски таблички.
Се работи за целосно расчитување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа