Полицијата сеуште трага по тројца шпиони
Околу пет часот утринава осомничените во големата полициска акција "Шпион" беа донесени пред истражен судија.
Се очекува во текот на денот МВР на прес - кофнеренција да соопшти повеќе детали околу акцијата „Шпион“ која течела во изминатите две години, во која беа приведени 17 лица.
Осомничените соработувале со странски безбедносни служби, оддавале државни тајни и класифицирани информации со различен степен, а при претрес на нивните домови се пронајдени и одземени компјутери, 27 лап-топи, 32 мобилни телефони, мемориски картички, 16 парчиња огнено оружје, УСБ-стикови, обемна докуменатација...
Засега полицијата сеуште трага по тројца осомничени.
17.09.2013 - 10:36