Заев: Про-руски бизнисмени плаќаат за насилни протести во Македонија

Претседателот на владата на Република Македонија Зоран Заев во изјава за BuzzFeed News изјави дека про-руски бизнисмени се обидуваат да ја спречат земјата да се приклучи на НАТО, со плаќање за насилни протести. Странци блиски со Русија платиле илјадници долари да предизвикаат насилство со цел да ја спречат Македонија да се интегрира во НАТО, истакна Заев. Дел од нив се поврзани со медиуми, дел ги охрабруваат младите луѓе да протестираат пред парламентот, да напаѓаат полицајци. Тоа е многу очигледно, додаде тој.

Заев одби да именува кој стои зад плаќањата, спомнувајќи ја истрагата која е во тек и чувствителноста на дипломатските односи кои ја опкружуваат земјата во обидите за членство во НАТО. Тој нагласи дека полицијата дознала за плаќањата по приведувањето на неколку учесници во насилните протести пред парламентот во минатиот месец.

 

 

 

16.07.2018 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега