Мртов 30 годишен маж пронајден на клупа во паркот во Прилеп
Изутрината во центарот на Прилеп е пронајден мртов маж на околу 30-годишна возраст. Според Јавното обвинителство во Прилеп на пронајдениот прилепчанец не се констатирани траги на насилство и е наредена обдукција за да се утврдат причините за смртта.
Според првичните информации од Обвинителството станува збор за прилепчанецот С.И.
- С.И. е пронајден околу 6:15 часот. Бил легнат до клупа во малиот парк зад Музејот „11 Октомври“- Участакот. Нема траги на насилство и ќе се изврши одбукција за да се утврдат причините за смртта на прилепчанецот, вели Мимоза Мрмеска, заменик јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Прилеп.
Полицијата потврди дека е направен увид. Кај нив изутрината пријавила Службата за итна медицинска помош, која само ја констатирала смртта кај прилепчанецот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа