Заев подготвен на се за поддршка од ВМРО-ДПМНЕ на референдумот

Премиерот Заев вели дека е подготвен на разни компромиси со опозицијата само за да успее референдумот. Тој денеска одговарајќи на новинарски прашања практично и не остави тема на која не е подготвен да преговара со опозицијата само за да ја добие нејзината поддршка на референдумот.

Премиерот речи си јавно ја стави на „пазар“ техничката Влада, односно барањето на ВМРО-ДПМНЕ заедно со премиерот 100 дена пред избори да си заминат и клучните министри, како пред изборите во 2016 година.

Ние добивме техничка влада во пржинскиот процес за сметка на тоа што престанавме со објавување на бомбите и што ги предадовме во Специјалното јавно обвинителство. Јас не го гледам досега аргументот  зошто тоа да се  бара заради тоа што тогаш СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дефинираа закон каде премиерот  во сите изборни циклуси се повлекува. Сега ова барање наеднаш излегува на површина и би сакал  деновиве да  ги слушам аргументоте зошто е тоа така, наведе Заев, дополнувајќи декла сака да ги слушне аргументите што тоа  ВМРО-ДПМНЕ ќе направи за  СДСМ или владејачкото мнозинство отстапи.

- Ако се подготвени рамо  до рамо за евроатлантската иднина на нашата заедничка Македонија зад која стоиме сите, тогаш стојам на располагање да разговараме за се. Но мора да дефинираме,  ако сме за НАТО и ЕУ тоа да го поддржиме. Не може да бидеме за НАТО и ЕУ, а да бидеме против ваквите процесите кои ја донесоа Македонија пред НАТО и ЕУ. Чесно е сите лидери да ги заземат своите позиции, да излезат на површина, на чисто, заради тоа што тоа е најмалку што им го должиме на граѓаните, рече Заев.

Во пазарот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за евентуална поддршка на опозицијата за референдумот, во игра се оставките на министрите на СДСМ на 100 дена пред избори, но не се исклучува пазар да се прави и за евентуалната амнестија за 27 април.

Покрај овие прашања, во моментов се уште не е затворен ниту новиот состав на ДИК ниту пак Законот за финансирање на политичките партии, кои иако се договорени, пратениците се уште не ги изгласале.

 

 

 

16.07.2018 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега