Го чекал пред неговата куќа: Скопјанец избоден со нож
Околу 10,40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен 32-годишниот Љ.Р. од Скопје со убодни рани од остар предмет.
Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот и констатирано било дека Љ.Р. додека бил пред неговата куќа од страна на 18-годишниот С.Х. бил прободен неколку пати со нож во пределот на левата рака.
На истиот од страна на лекар му биле констатирани телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.
По преземени мерки С.Х. бил пронајден и приведен, а пронајден е и ножот со кој го извршил нападот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа