СДСМ: Македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската иднина се обезбедени еднаш засекогаш

Македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската иднина се обезбедени еднаш засекогаш, пишува СДСМ во своето соопштение.

„Токму во конечниот Договор точно, јасно и  прецизно се наведени сите поединости и нема простор за дилеми и нејаснотии.Во Член 1 од Договорот, којшто е јавно достапен за секој граѓанин, јасно стои дека државјанството е „македонско“ а официјален јазик е „Македонски јазик“. Во Договорот е појаснето значењето на терминот „македонски„ и се додава дека нема на било кој начин да се поткопа, измени или влијае на употребата од страна на граѓаните“ велат од партијата.

Од СДСМ негласуваат дека залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја искриви реалноста и да го игнорира историскиот успех кој што се постигна. Македонија доби датум за почеток на преговори и доби покана за членство во Нато. Македонија излегува од земја во изолација и станува земја со иднина.

„Македонскиот јазик станува еден од јазиците НАТО, а по влезот на Македонија во ЕУ, ќе биде дел и од јазиците на Европската Унија.Безбедна и сигурна држава, нови инвестиции, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните се дел од придобивките кои ги има земјата и граѓаните со членството во НАТО и ЕУ.Историскиот успех го препознаа сите, честитки за постигнатиот успех и напредок го поздравија сите освен  ВМРО  ДПМНЕ.  Истите тие кои единаесет години ја влечеа земјата надолу .Не е доцна ВМРО-ДПМНЕ да се освести, да се извини  и да ја подржи земјата во патот  кон ЕУ и НАТО!  Патот со кои се трасира подобра иднина за Македонија  и подобар живот за македонските граѓани“ се вели во соопштението ид СДСМ.

 

 

 

16.07.2018 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега