Хорор во Македонија: Го нашле дома во фаза на распаѓање
Ужасен настан се случил во куќа во Кичево каде било пронајдено тело во фаза на распаѓање.
Во 22 часот било пријавено дека во Кичево на улицата„15-ти Ноември“ во семејниот дом пронајдено е телото на 51-годишниот С.С. во фаза на распаѓање.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено во Судска медицина за вршење обдукција.
17.07.2018 - 10:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа