Владата итно го менува Изборниот законик: ДИК ќе се избира со 61 пратнеик за да се заобиколи опозицијата

Со измени на изборниот законик во итна постапка Владата планира да го заобиколи ВМРО-ДПМНЕ во процесот на избор на членовите на Државната изборна комисија.
Според неофицијалните информации, на предлог на Владата треба да се донесат измени на Изборниот законик со што би се овозможило составот на Државната изборна комисија да се гласа со апсолутно мнозинство од 61 пратеник, наместо како до сега, со двотретинско мнозинство.
Во таква ситуација, мнозинството во Собранието ќе може без никаков проблем да го изгласа новиот состав на ДИК дури и во ситуација кога членовите на ВМРО-ДПМНЕ во него би решиле да се повлечат, бидејќи и така, СДСМ и албанските политички партии ќе имаат и мнозинство и кворум во Државната изборна комисија и ќе можат и сами да го спроведат референдумот.
Од ВМРО-ДПМНЕ се уште нема официјална реакција на оваа тема. 
Информацијата не успеавме да ја потврдиме ниту кај владиниот портапрол бидјеќи тој не одговори на нашиот телефонски повик.

 

 

 

 

17.07.2018 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега