Гаши: Да се погледнеме себеси и да промениме што треба за да влеземе во Европа како Европејци

Сите ние треба да се гордееме со оваа Македонија, која успеа да стигне пред вратите на ЕУ. Но, сега е време кога и ние треба да се погледнеме во себе и да видиме кои работи треба да ги смениме за да влеземе во Европската унија како Европејци, а не како дојденци од земја што Европа ги прифаќа заради милост, а не дека ги чувствува како нејзин рамноправен дел, велат лидерот на движењето БЕСА, Африм Гаши.

Тој смета дека за да се создадат услови за добар живот на младите, треба младите да ги вклучиме во нашите одлуки, бидејќи ним им припаѓа иднината, на помладата генерација, за да имаат и тие можност да одлучуваат за нивната судбина. Паралелно со тоа, мора да бидеме ослободени од мрачното минато, од времето на слоганите „смрт за Шиптарите“.

„Во име на Движењето БЕСА сакам да упатам порака до сите млади да го негуваат овој дух и да придонесат среќата да не се бара на сметка на нечија несреќа. Отсега натаму треба да има само "натписи" кои промовираат соживот и взаемна толеранција.

Нашето финално патување кон Брисел треба да го искористиме за надминување на сите внатрешни разлики во нашата заедничка држава. Само на овој начин ќе бидеме претпознатливи во Европа, сведочејќи за вековното живеење и соживот на народите од овие простори.

Како автохтони Албанци на оваа земја, ние и на овој пат ќе потврдиме дека нашата подготвеност и нашиот придонес ќе биде од суштинско значење за подобар живот и достоинство за сите“, вели преку соопштение лидерот на БЕСА, Африм Гаши.

 

 

 

17.07.2018 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега