Маж претепан со метална шипка заврши на Ургентен

 

Триесет и шестгодишен кавадарчанец со метална шипка претепал 70-годишен сограѓанин, синоќа околу дваесет часот, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. 
 
Четворица кавадарчани Д.С. заедно со неговата сопруга С.С. и соседите Ѓ.Д. и П.Д. синоќа седеле во двор во Кавадарци. Во тој момент дошло лицето П.П. (36) кое живее на соседната улица и го викнало лицето Ѓ.Д. (70) да излезе надвор.
 
-  Откако седумдесетгодишникот се доближил до него, П.П. извадил од зад грб метална шипка со која повеќе пати го удрил во пределот на главата и телото.  Притоа му нанел тешки телесни повреди, соопшти Додевски. 
 
Поради карактерот на повредите, повредениот Ѓ.Д. од ЈЗУ Општа болница - Кавадарци е пренесен на лекување во Ургентен центар во Скопје. 
 

 

 

18.07.2018 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега