Ужасна трагедија во Македонија: Полицаец пронајден во крв застрелан во глава
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника при полицијата Прилеп, изврши увид на местото во близина на локалниот пат село Беловодица-село Дрен, каде вчера попладне беше пронајден мртов 45-годишен полициски службеник вработен во Полициска станица во Прилеп.
Како што информираат од Основното јавно обвинителство, лицето е пронајдено во лежечка положба до неговото возило, со прострелна рана во главата и службениот пиштол во раката.
Притоа јавниот обвинител издал наредба за подигање на предмети и траги кои можат да послужат како доказ и наредба за обдукција врз телото на починатиот заради утврдување на причините за смртта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа