Трагедија во Македонија: Исчезнатиот маж пронајден мртов
Во водите на Дебарско Езеро пронајдено е телото на 54-годишниот жител на Дебар, кој на 18 јули беше пријавен за исчезнат.
Телото случајно било забележано од страна на рибар, околу шест часот утрово, како плута на езерската вода кај градската плажа, во близина на местото викано „хангар“.
Увид на самото место извршен е од страна на Основното јавно обвинителство и екипа од Полициската станица .
Телото е дадено на обдукција, а немало траги на насилство.
К.Ј (54) за изчезнат семејството го пријави на 18 јули, откако од претходниот ден немале контакт со него.
21.07.2018 - 10:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа