Тешка несреќа на Македонските патишта: Возач загинал, а уште пет лица повредени, меѓу кои две деца

 

Вчера во 19 часот и 55 минути на магистралниот пат Охрид-Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел aстра“ со кичевски регистерски таблици управувано од 32- годишниот  А.К од Кичево и патничко моторно возило „Мерцедес“ со германски национални ознаки управувано од 45- годишниот Х.Р. од село Велешта-струшко, а со живеалиште во Германија.

„Во незгодата Х.Р. се здобил со тешки телесни повреди по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“ во Охрид, каде што во 23 часот и 40 минути починал.Со повреди се здобиле возачот на “опелот“ А.К., сопатникот од истото возило 39-годишниот Х.С од Кичево, како и сопатниците од возилото “Мерцедес“ 42- годишниот Б.Р и две деца на возраст од осум и 14 години кои биле пренесени и задржани на лекување во болницата “Свети Еразмо““ соопшти Мвр.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

24.07.2018 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега