ВМРО-ДПМНЕ: Заев призна дека татко му добивал тендери

 

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната изјава на струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ наведува дека Зoran Заев признал дека татко му добивал јавни набавки од општинските институции.

- Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го тврдеше, Заев го потврди. 30 479 891 денари од сметката на Јавната општинска установа легнале на сметките на Панчо Заев, татко му на Зоран Заев. Станува јасно како се градела империјата Заеви.Со општинските пари трансферирани до приватните фирми на роднините и блиските луѓе на Заев, се вели во реакцијата.

- Ако ова го правел како градоначалник, можеме да замислиме што би правел ако еден ден му се оствари желбата да стане премиер. Како тргнал да се правда, еден ден ќе го чуеме дека „режимот” го натерал да им дава јавни набавки на својот татко и чичко. Господине  Заев, во политиката треба морал, кој Вие во трка по пари за Вашата имеприја и октопод, очигледно сте го загубиле, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

17.09.2013 - 16:13

најчитано сега